Кои се најуспешните жени менаџерки во Македонија?

Агенцијата „Марили“ традиционално и годинава го организира изборот на најуспешни жени менаџери од Македонија.

Манифестацијата ќе се одржи задутре во Сити хол во Скопје, а утре ќе биде организирано предавање за здравјето и убавината во функција на современата жена.

Ваквиот настан, како што информира организаторот, е поттикнат од сознанијата дека современата жена е многу ангажирана не само во текот на работното место, туку и со домашните обврски и треба да биде информирана како да се грижи за своето здравје и убавина.

На предавањето ќе говорат лекари и фармацевти кои ќе говорат за здравјето и убавината на современата жена, козметичко-медицинските решенија...

Годинава за најуспешни жени менаџерки ќе бидат прогласени Мара Акимовска, макретинг менаџер од „Ел Фарма“, Тања Анѓушева, доктор во Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“, Даниела Дабеска, генерален менаџер на резиденција „Дабески“, Кармен Михајлоска, велнес тренер од International Millionaire Team @ Herbalife, Елизабета Пановска, генерален менаџер на „Бета медико“, Бранка Славеска, генерален директор на „Хајнекен“ Хрватска, Олгица Спасевска, директор на одделот за човечки ресурси во „Шпаркасе банка“, Анита Спасовска, генерален извршен директор на „Бучен козјак“, Оливера Стојановска, управител на „Медикус“ и Љубица Џониќ, менаџер на „Аграр - плус“ од село Црничани, Дојран.

 

 

Оцени ја веста

24.03.2015 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега