Атина очекува европомош од околу пет милиајрди евра

Грција се обидува да добие европски пакет помош вреден 4,5 до 5 милијарди евра, за кој политичка одлука ќе биде донесена на вонредна седница на Еврогрупата в петок или в понеделник.

Според извори на весникот „Вима“, очекувањата биле 1,9 милијарди евра да се добијат од провитот на грчките обврзници што ги поседуваат Европската централна банка (ЕЦБ) и централните банки од еврозоната, а 3,1 милијарда евра да бидат доставени од Европскиот фонд за финансиска стабилност во форма на две транши.

Во рамки на истиот фонд остануваат 1,8 милијарди евра. За нивна исплата се бара позитивна оцена за реформите на грчката Влада. Атина всушност, не ги очекуваше тие пари пред крајот на април, наведува „Вима“.

 

 

Оцени ја веста

24.03.2015 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега