Секс во живо на радио „Центар“ во Крагуевац

Наместо народна музика, слушателите на радио „Центар” во Крагуевац  ноќта меѓу саботата и неделата имале „секс шоу” во живо. Главната уредничка на радиото тврди дека во студиото немало никој во тоа време, бидејќи целата програма се пуштала преку компјутер, пренесуваат српските медиуми.

- И ние сме изненадени од она што се случило, бидејќи во студиото не ни имаме микрофон. Можно е дека некој да се вмешал во нашата фреквенција. Чие „уживање“ слушавме, навистина не знам – вели Маја Миливојевиќ, главен и одговорен уредник на Радио „Центар”.

 

Таксистот Слободан Милојевиќ од Крагуевац  за „Блиц” изјавил дека еротската програма на радиото почнала додека возел клиенти.

 

- Се собравме сите таксисти и го слушавме целиот перформанс. Околу дваесет минути сите во Крагуевац, кои беа на вистинската фреквенција, слушаа секс во живо – вели таксистот.

 

 

Оцени ја веста

24.03.2015 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега