Сообраќајка на Партизанска - тешко повреден пешак

 

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје се случиле девет сообраќајни незгоди од кои  три се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда. Со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, еден сопатник, еден возач на мотоцикл и еден пешак.

Се случиле и две незгоди со тешка телесна повреда. Првата се случила во 15 часот и 10 минути на улицата „Симеон Кавракинов“, а втората во 22 часот на крстосницата од булеварот „Партизански одреди“ и сервисната улица што води кон гаражите на ЈП „Скопје“ – Ѓорче Петров. И во двете сообраќајни незгоди со потешки телесни повреди се здобиле по еден пешак.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се девет возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Шест возачи кои поминале на црвено светло на крстосниците, осум возачи кои го управувале возилото со изминат рок на важноста на сообраќајната дозвола, како и 10 возачи кои го користеле мобилниот телефон или не го користеле сигурносниот појас за време на управување со возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 91 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

 

 

Оцени ја веста

24.03.2015 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега