Македонските и турските бизнисмени ќе го освојуваат африканскиот пазар

Стопанската комора на Македонија денеска организира трговска конвенција на тема „Македонските и труските бизниси заедно на пазарот на Африка: предизвик или можност?“.

Целта е поддршка на македонските и турските компании во идентификувањето на можностите за заеднички настап, како и во создавањето услови за полесен пристап кон овие пазари од македонска страна. 

Развивањето на партнерските односи на Турција со земјите од Африка почна во 2008 година кога Турција ја промовираше иницијативата на Турско-африканско партнерство, соработка на економски, политички, културен, образовен и здравствен план. Турските инвеститори во Африка ги користат локалните природни и човечки ресурси за производство и извезуваат во трети земји.

 

 

Оцени ја веста

23.03.2015 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега