Оваа вест ќе ви го разубави денот

 

Април и мај носат неколку продолжени викенди и денови за одмор. Православните верници ќе одмораат вториот викенд од април, кога , за нив не работни се 10 април кога е Велики Петок, петок пред Велигден и 13 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар. Тогаш нема да работат сите граѓани на Македонија.

И католиците и Ромите имаат уште по еден неработен ден во април:

За граѓаните од католичка вероисповед
• 06 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
• 08 април (среда), Меѓународен ден на Ромите

Потоа следува уште еден не рабoтен ден за сите граѓани на Македонија 1 мај (петок), кога е Ден на трудот. Тогаш следува продолжен викенд.

Со оглед дека неработниот 24 мај „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители е во недела, неработен ќе биде и 25 мај (понеделник), што значи уште еден подолжен викенд во мај за сите граѓани на Македонија. По три дена работа, православните верници добиваат уште еден неработен ден – петок, 29 мај кога е Духовден, петок пред Духовден.

И Власите имаат уште еден неработен ден во мај - 23 мај (сабота), Национален ден на Власите.

 

 

Оцени ја веста

22.03.2015 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега