Со тупаници успеал да се ослободи од крокодилот кој го зграбил за врат

 

Французин кој работел на рибарски брод во Австралија успеал да се ослободи од стисокот на крокодилот кој што го гризнал за вратот. Јоан Галеран пловел во неделата вечерта во близина на Нулунбаја, на крајот на северниот дел од земјата, со резервен чамец, кога наеднаш крокодил долг два метри го зграбил за вратот и почнал да влече на дното.

„Пливав можеби четири или пет метри од бродот кога наеднаш почуствував како камења да ми удираат во главата. Тогаш сватив дека се работи за крокодил. Си реков дека морам што повеќе да се движам доколку сакам да се изборам за мојот живот. Ми го зграпчи горниот дел од телото од левата страна и за вратот и се обиде да ме одвлече на дното. Почнав да го удирам каде ќе стигнам“, вели 29 годишниот Французин.

Откако се ослободил од устата на опасниот крокодил, успеал да доплива до бродот, да се качи на него и да стигне до брегот, по што веднаш бил префрлен во болница. На фотографиите кои се појавиле на интернет, Галеран, младиот атлет е снимен со две рани на вратот и грбот.  

„Имав среќа. Да беше поголем, веројатно ќе ми ја откинеше главата“, вели храбриот морнар. 

Морските крокодили кои достигнуваат и до седум метри должина и можат да бидат потешки од два тони, жиеват во голем број во тропскиот север на Австралија. Тие се заштитени од 1970 година, со што значително се имаат намножено, па сразмерно на тоа е зголемен и бројот на нивните жртви.  

Галеран ги предупреди властите дека децата често се бањаат на местото каде што бил нападнат. 

„Треба нешто да се превземе со крокодилот, веројатно да се убие“, навел тој. 

 

најчитано сега