Нови мерки за нови вработувања

Работодавачите кои ќе вработат млади лица до 35 години ќе бидат ослободени од плаќање на персонален данок и придонеси во рок од три години. Тие ќе имаат обврска да го задржат работникот уште една година. Ова е една од новите мерки кои вчера од Битола ги објави премиерот Никола Груевски, а имаат за цел вработување на една широка категорија на граѓани и намалување на невработеноста, пишува Лидер.мк

За работодавачите,пак кои ќе вработат лица на возраст од 35 до 50 години, а кои биле 10 години без работа ќе бидат ослободени од персонален данок и придонеси пет години со обврска уште една година да го задржат работникот.

“Оние, пак, кои ќе вработат лица над 50 години ќе бидат ослободени од персонален данок и социјални придонеси пет години без обврска после тоа да ги задржат вработените. Оваа мерка ќе се однесува и за оние кои ќе вработат лица над 58 години. Тие фирми ќе бидат ослободени од персонален данок и придонеси, односно до пензионирањето на тој работник. Оние работодавачи, пак, кои ќе вработат лица од ранливите категории како што се самохраните родители, лицата од еднородителските семејства, оние со три или повеќе деца, ќе бидат ослободени од плаќање на персонален данок и придонеси во рок од пет години без обврска да ги задржат вработените, изјави премиерот Груевски.

Со мерката за вработување на млади до 29 години по овој принцип се вработени 7.400 лица за 11 месеци.

Работодавачите со став- невработеноста ќе се намалува

 

-Голема причина за намалување на невработеноста се активните мерки за вработување во моментов кои се реализираат, како и дел од инвестициите кои се реализираат директно придонесоа за намалување на стапката на невработеност. Одприлика според нашите анализи, тоа е генерално причината, а во иднина очекуваме да продолжи ваквиот тренд на намалување на невработеноста, да биде уште по намалена вели за Лидер Миле Бошков, од Конфедерцијата на работодавачи.

Активите мерки годинава ќе опфатат 16 000 невработени лица

Со новиот оперативен план за намалување на невработеноста во 2015-та година ќе бидат опфатени повеќе од 16 илјади невработени, се очекува да се отворат околу 8.200 работни места.

-Очекуваме со новиот оперативен план годинава директно да се вработат 8.200 невработени лица и тоа 3.200 луѓе преку активните мерки за вработување и 5.000 млади луѓе до 29 години со мерката за ослободување од плаќање придонеси за време на една година за приватните компании – изјави вицепремиерот Владимир Пешевски.

Една од причините за намалувањето на стапката на невработеност се актокму тивните мерки кои во континуитет се спроведуваат од страна на Агенцијата за вработување. Лани со нив беа опфатени речиси 27.000 невработени, од кои 5.000 дошле до работно место.

-Досега за разните мерки, од 2007-та година, аплицирале над 70.000 невработени лица, постигнати се 36.700 вработувања. Во овој момент се вработени над 27.000 луѓе – вели директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски.

Интересот за учество во активните мерки се зголемува од година во година. На невработените им се дава помош и поддршка во процесот на барање работа, компаниите финансиски се мотивираат да ангажираат млади луѓе до 29 години преку ослободувањето од плаќање придонеси во рок од една година, се туркаат проектите за самовработување, преквалификација, стекнување искуство на работно место. Неделава се објави огласот за мерката „Обука кај познат работодавач“, преку која се очекува да бидат опфатени 1.000 луѓе.

целиот текст може да го прочитате на следниот ЛИНК.

 

 

Оцени ја веста

22.03.2015 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега