Важна вест за возачите

 

На патниот правец Скопје – Велес, по манастирите, поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 4 до 5 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација, соопшти Автомотосојузот на Македонија. 

Според информациите кои АМСМ ги добил од ЈП Македонија пат, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози.

АМСМ укажува на вминателно возење на патниот правец Р1205 Крупиште-Пробиштип кај село Неокази, поради појава на вдлабнатина и попуштање на левата коловозна лента, гледано во правец кон Пробиштип-Крупиште, сообраќајот се одвива наизменично, само по десната коловозна лента.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

 

 

Оцени ја веста

22.03.2015 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега