Полуматуранти подгответе се: Утре почнуваат уписите во средните училишта

Идните средношколци треба да почнат да се приготвуваат бидејќи во понеделник почнуваат уписите во средните училишта во Македонија.

Вчера министерот за образование и наука Спиро Ристовски информираше дека обезбедени се вкупно 34.971 места за упис во јавните средни училишта во учебната 2013/2014 година.

Од посочените места 22.694 се за стручно образование. 11.597 во гимназиско, 408 во уметничко образование и 272 ученички места во спортска гимназија. 
 
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во два уписни рока, јунски рок со две пријавувања и августовски рок со едно пријавување. 
 
ФОТО: Нетпрес

најчитано сега