Прометот во индустријата зголемен за 5,5 проценти

Прометот во индустријата во јануари годинава во однос на јануари лани е зголемен за 5,5 проценти, а споредено со декември е намален за 7 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

На домашниот пазар прометот во индустријата во јануари годинава споредено со јануари лани бележи опаѓање од 11 проценти,  а на странските пазари пораст од 9,7 проценти.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот „рударство и вадење камен“ во јануари  годинава во однос на јануари лани бележи пораст од 3,8 проценти, а во секторот „преработувачка индустрија“ од 5,6 проценти. 

Според главните индустриски групи, прометот во јануари 2015 година, во однос на јануари 2014 година,  е зголемен кај „интермедијарни производи“, освен енергија за 7,9 проценти, „капитални производи за 9 проценти и „трајни производи за широка потрошувачка“ за 3,9 проценти, додека опаѓање бележи кај „енергија“ за 7,2 проценти и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 1 процент.

 

 

Оцени ја веста

20.03.2015 - 17:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега