Сара Мејс наскоро со изненадување за фановите

Откако ја одбележа целата измината година со својата песна „Врне, врне“, за да потоа за запали јавноста со сензуалната „Набереја“ Сара Мејс најавува нешто сосема ново.

Оригиналната Сара Мејс која прво беше дел од „Цимерките“, продолжи со соло кариерата и веќе неколку години е присутна на македонска музичка сцена. Јавноста ја засака со големиот хит „Врне, врне“ од фестивалот „Скопје 2013“. Потоа следуваа темите „Денот да е убави“ и секако жешката „Намбереја“ со уште пожежок спот кои ги сними лани. Логичниот след на настаните е издавањето на деби албумот на Сара Мејс кој сите го очекуваат со нетрпение. Продукцијата на Сара Мејс, Горила, албумот го најави за многу скоро време, за наредниот месец, а ние сите со нетрпение ги очекуваме новите песни.

Инаку, во приватниот живот Сара Мејс е во љубов со познатиот водител Димитар Атанасовски, но тие не сакаат да зборуваат јавно за тоа.

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

19.03.2015 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега