Крвава тепачка во Крива Паланка - насилници нападнале момче со се што им дошло при рака

 

Двајца кривопаланчани заработија кривична пријава поради насилство.

Се работи за 27-годишниот А.Д. и 28-годишниот М.И. кои во угостителскиот објект „Лагуна“, без повод и причина физички го нападнале 21-годишниот С.Н. и со стаклено шише го удриле во пределот на лицето.

Младиот кривопаланчанец од ударот паднал на подот. По ова, пријавените продолжиле да го удираат С.Н. со тупаници и клоци и со дрвени предмети и шишиња, нанесувајќи му телесни повреди, а при обид 52-годишниот М.К. кој доѓол на местото на анстанот со цел да го изнесе С.Н. надвор од објектот заради укажување лекарска помош, бил удрен со стаклено шише од страна на М.И. 

Полицијата работи на расчистување на случајот.

најчитано сега