Градоначалникот на Радовиш даде отчет за сработеното

 

Следејќи ја политиката на транспаретно,отворено и посветено работење на носителите на јавни функции од редовите на ВМРО-ДПМНЕ избрани со голема доверба од народот  како Градоначалник на општина Радовиш денес на оваа прес конференција би сакал да дадам отчетност за изминатиов период во кој секојдневно се посветуваме  на  реализација на програмата која ја ветивме на изминатите локални избори.

          Ветувајќи подобрување на животот на моите сограѓани во нашата општина се зафативме со реализирање на дел од проектите кои ја имаат таа цел, бидејќи тие се оние кои ни го насочија патот кон поубава и поуспешна општина.

          Како резултат на нашата работа произлегоа делата кои сега се видливи и жителите на Радовиш ги користат нејзините благодети и стануваат препознатлив белег на општината, а во тек се 32 набавки кој опфакат 50-тина проекти кој во најскоро време ке отпочнат со реализација и дополнителни ке го направат Радовиш поквалитетно и поубаво место за живеење.

•  

Со активна работа на тимот со кој работам во општината и со силна подршка од страна на советот на о.Радовиш како и со помош на Владата на Република Македонија веќе во Радовиш се реализирани и во тек на реализација се многу капитални проекти:

•  

 во делот на патната инфраструктура инвестирани се околу 900 илијади евра  која инвестиција  овозможува подобра комуникација помеѓу населените места во општина Радовиш.

          За таа цел асфалтирани се локалните патни правци: село Покрајчево- село Злеово, локалниот пат кој ги поврзува жителите на населеното место Јаргулица со М6 како и локалниот пат с.Покрајчево М6. Со овие инвестиции направивме целосна конуникација во овој дел од општината.

          Го решивме горливот проблем кој се провлекуваше долго време на жителите од улицата Коџа Баир асфалтирајќи го овој дел. Направивме поврзување со патниот правец кон Планината Плачковица и патот за село Штурово.   Во тек е асфалтирање на патот кон селото Смиљанци со ова создаваме услови за развој на планинскиот и етно  туризам

          Со цел да се подобри целосно патната ифраструктура во нашата општина и да се даде целосно нова слика инвестираме дванаесет милиони денари и очекуваме оваа активност да започне во текот на наредниот месец бидејќи сме во завршна фаза за избор на изведувач. Спроведувајќи ги проектите кои ни се влезени во изборната програма, а се предлог на жителите подготвуваме проекти за асфалтирање на улици и низ населените места Раклиш, Ораовица, Подареш, Јаргулица, Покрајчево, Злеово и Ињево.

          Правејќи ги поудобни места за живеење во крајна фаза ги комплетираме канализационите системи во населените места Калуѓерица, Воиславци, Урбан блок 9 и 9Б со што ќе се обврземе кон нив на целосна посветеност и реализација, а како гаранција на тоа се издвоените 916 илјади евра од Министерството за транспорт и врски,  преку средства од светска банка.

          Деновиве во Центарот за Култура во Радовиш се претставени идејните решенија за реконструкција на градскиот плоштад св.Спасо Радовишки и сите заитересирани можат да ги погледнат идејните решенија. Истото ќе го направиме и со градскиот парк Чам- Баир овозможувајќи самите жители да учествуваат во креација на изгледот на градот Радовиш и општината.

          Во соработка со владата на Р.М работиме на  отварање на ТИРС зоната која ќе овозможи услови за сите оние кои се зинтересирани за инвестиции во нашата општина. Дополнително работиме на рестартирање и дооформување на постоечката индустриска зона.

          Како општина која има богата спортска историја цврсто сме решени и целосно се посветуваме на создавање современи услови за негов развој па така во населените места сме во фаза на довршување на мултифункционалните игралишта во Злеово, Калугерица и Воиславци, а веќе жителите на Јаргулица имаат можност да го користат истото кое што пред некој ден беше предадено во функција на жителите од оваа населено место. Вкупната инвестиција на овој проект е  12 милиони  денари целосно обезбедени од Буџетот на општината. Во делот на спортот не запираме тука инвестираме 9 милиони денари за изградба на современо мулти функционално игралиште со трибини и рефлектори во дворот на Гимназијата Коста Суисинов за кое во постапка е избор на изведувач. Планирана е и реконструкција на Градскиот Стадион во вредност од 7.500 000 и милиони денари како  и помагање на локалните спортски клубови на кои ќе им трасферираме 5 милиони денари од Буџетот на општината. По пауза од 10 години ќе ја обновиме општинската лига во фудбал.

          Од наредната учебна година со помош на општината ќе се формираат  училишните лиги во сите спортови.

          За да го направиме Радовиш препознатлив по она што се разликува од другите во рамки на културните настани, ќе ги надоградиме традиционалните манифестации и од ова сезона за прв пат ќе организираме нови настани.

 

          Сето оваа е резултат на отвореноста на сите оние кои им посакуваат добробит на  нашата општина и на тимот кој постојано е отворен кон жителите на општината овозможувајќи во постојаните средби што ги правиме со граѓаните давајќи ни енергија ја уште поголема посветеност затоа што Општина Радовиш го заслужува тоа.

Интегрален текст.

најчитано сега