Пред да тргенете на пат задолжително прочитајте ја оваа вест

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по претежно суви коловози. 

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица -  Делчево, Виница - Берово, Гостивар – крак Маврово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија - Удово и Катланово-Велес.

На учесниците во сообраќајот им препорачуваме внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

За сите подетални информации јавете се на дежурен телефон 02/ 25 61 502.

 

 

 

Оцени ја веста

16.03.2015 - 18:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега