Реки народ кон „Борис Трајковски“ - народот испрати порака и го сруши сценариото на Заев

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ вчера беше претесен за да ги собере сите оние кои дојдоа да го поддржат премиерот Никола Груевски. Реки луѓе се „слеваа“ кон салата, а токму народот ја испрати својата порака и кажа дека му се важни проектите и подобрите услови во секоја сфера, рушејќи го сценариото на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Илјадници луѓе вчера гласно кажаа на кого му ја даваат довербата, притоа поздравувајќи ги позициите на Груевски.

А токму Груевски, говорејќи на трибината пред граѓаните истакна дека Заев чувствува страв бидејќи, како што рече е фатен за многу работи закои има непобитни докази, но и страв дека опаѓа вниманието од неговите теми, а времето го гази.

- Веќе на сите им е јасно што се случува и кој е таргетот на оваа канонада. Лицето З.З. е директно инволвиран во активности кои имаат за цел дестабилизација на државата. Одработува агенда, која не ја ни разбира. Го гледате ли каков израз има на лицето, човекот е во грч, со лажна насмевка, се сили, се удира во гради, се обидува себе си да се убеди дека е апсолутен морален суд, Бог кој ќе каже што е добро што е лошо, што ќе се објави во јавност, што не, чија судбина ќе се загорчи, кого ќе стави на тапет, а кого не. Неговата алчност за власт, пари и моќ и неговиот очај да покаже пред неговите членови одговор зошто народот не го бира, немајќи капацитет во себе да ја види грешката, да направи понуда, програма, да одбере добар кадар со кој ќе биде конкурентен на избори, па народот да го одбере. Во цел овој налет во кој се наоѓа и во оваа негова специфична психолошка состојба во која е, тој се чини и како самиот да заборава кој е всушност. Тој е човек кој брутално ја злоупотребува својата положба во општината за да стекне пари и богатство. Човек кој самиот тврди дека во наше време заработил тој и неговата фамилија 12 милиони евра, истакна Груевски.

Премиерот истакна дека никаде во светот нема, лице со багаж како Заев, редовно да излегува во јавност и во 5 дена три пати да настапува на национални телевизии, а да вели дека нема слобода и демократија. Притоа,вели Груевски, се жали на слобода, а паралелно на тоа се води хајка против нас во нивните медиуми.

-Не е до медиумите. До друго е. До работата е, до зборот, до довербата, до извесноста, до посветеноста во тоа што го работите. Џабе и медиуми и се, ако не работите ништо. Народот знае тоа да го препознае. Па најголемиот демант на тоа што го говорат дека нема слобода е токму гласноста на темата која ја форсираат и гнасните кампањи кои ги водат. Замислете точно 22 медиуми говорат дека нема слобода. Па нели самото тоа е чудна ситуација, потенцираше премиерот.

Груевски додаде дека нема да дозволат и нема да потпаѓаат на провокации за да се реализира крајната цел на СДСМ, македонско - македонски конфликт.

-Мора на сите да им биде јасно. Лажна е претставата дека ова е битка за живот или смрт. Така сакаат нашите опоненти да изгледа. Не. Се е сосема едноставно. Се зависи од од сите нас, секој еден граѓанин и од еден миг на одлука во нашите срца. Таа одлука ќе ја запре оваа психоза која сакаат да ја рашират меѓу народот. Ќе ја запре лажната неизвесност која сакаат да ја креираат. Тоа е одлуката да се вратиме на реалните потреби и проблеми во државата, да бараме решенија како нашите граѓани да имаат подобар и поквалитетен живот. Колку ќе трае ова зависи од еден момент, една секунда, кога ќе одлучиме дека нема да му дозволиме преку нашето внимание, овој човек марионета да ги контролира судбините на сите во државата и да ја држи во заложништво цела држава, посочи Груевски кој испрати и порака до членството на СДСМ и до сите оние кај кои има некаква неизвесност.

-Ги разбирам, и ги слушам и прифаќам нивните критики. Нема да дозволам да не закрват, по ниедна цена тоа нема да се случи. Инспираторите тоа го сакаат. ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да го дозволи. Во името на се она во што верува, во името на идеалите на историското ВМРО кое е на сите наши граѓани патриоти. Нема да дозволиме да не закрват и испровоцираат, дециден беше премиерот во вчерашниот говор во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

 

 

Оцени ја веста

16.03.2015 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега