Улогата на семејството во фокусот на кампањата за Светскиот ден на Даунов синдром

Под мотото „Мои можности, мои избори - целосни и еднакви права и улогата на семејството“ ќе се рализира годинашната кампања, со која ќе се одбележи Светскиот ден на Даунов синдром - 21 март.

Организатор на кампањата е центарот за Даунов синдром, а целта, според претседателката Ида Мантон, е подигање на јавната свест, луѓето во Македонија да ги видат потенцијалите и можностите кои можат да ги имаат лицата со Даунов синдром. 

Годинава, појасни таа, акцентот ќе биде ставен на улогата на семејството и вмрежување на семејствата во кои има лица со Даунов синдром.

- Годинашната кампања се фокусира на улогата што семејството треба да ја има, можностите овие лица да не бидат дискриминирани, туку да бидат еднаков дел од нашето општество и сите заеднички да ги надминеме сите препреки исправени пред сите нас, рече Мантон, мајка на дете со Даунов синдром.

Лилјана Алексова координатор на аналитика во Центарот за Даунов синдром забележа дека во Македонија нема дата база на податоци во која ќе бидат внесени информации за сите лица со Даунов синдром, полова и старосна структура, од каде доаѓаат. 

- Огромна е потребата да ги знаеме семејствата и лицата, затоа што така ќе ги дознаеме нивните индивидуални потреби, возраст, образование... Никаде нема комплетна листа да имаме една слика на бројот на лицата со Даунов синдром, истакна Алексова.

Според претставниците на центарот, многу е важно семејствата да соработуваат, бидејќи многу често среќавале лица, кои со години биле изолирани, родителите ги чувале дома. Сметаат има различни начини на интеграција за овие лица и оти во некои земји, меѓу кои САД завршувале факултет.

Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на Даунов синдром утре во соработка со здружението на Меѓународни жени 40-тина лица со Даунов синдром ќе имаат заедничко готвење со Адријана Алачки во Етно село, во среда во Кинотека на Македонија ќе се одржи централниот настан, на 25-ти ќе бидат гости на МНТ каде лицата ќе ја проследат претставата „Сината птица“ од Златко Славенски, а претходно ќе имаат можност да го разгледаат новиот театар. Овие лица имаа можност да гостуваат и во Драмскиот театар каде ја гледаа претставата „Капетан Џон Пиплфокс“. 

 

 

Оцени ја веста

16.03.2015 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега