Во ветеринарството штетите од поплавите минимални

Нема директни угинувања на добиток во поплавените подрачја, ниту оштетени фарми. Само мал дел од добиточната храна, со препораки на стручни лица, е забранет за употреба, рече денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Поповски.

Одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за новите правила за означувањето на храната, Поповска нагласи дека АХВ веќе ја има целокупната слика за состојбите од поплавите.

- Формиравме свои тимови кои излегоа на терен во сите села и населени места што беа зафатени со поплавите за да ја констатираме фактичката состојба. Притоа е воочено дека не се направени големи штети во делот ветеринарство. Она што е штета во делот земјоделство, е во надлежност на ресорното Министерство, истакна Поповски. 

 

 

Оцени ја веста

16.03.2015 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега