Продолжува грижата: Студентите од семејства со ниски приходи ќе добијат таблети

До крајот на август треба да почне јавната набавка за таблети за студентите од трета и четврта година кои потекнуваат од семејства каде вкупниот приход е помал од просечната нето плата. За ова денеска информираше министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, според кој проектот што го најави премиерот Никола Груевски на вчерашната трибина треба да се заокружи до крајот на годината.  

- Се надеваме дека оваа мерка ќе предизвика позитивни ефекти и кај студентите и кај приватниот сектор и со тоа ќе има пораст на економијата, изјави Ивановски пред денешната средба со претставниците од МАСИТ на која заедно со заменик министерката Марта Арсовска - Томовска ги претставија плановите за развој на ИКТ секторот во земјата. 

Први ќе добијат таблети оние училишта каде нема компјутери, а потоа постепено ќе се заменуваат и компјутерите имајќи предвид дека нивната амортизација е од пет до шест години.

На оваа редовна средба меѓу владиниот сектор и претставниците на МАСИТ ќе се разгледаат и начините како да се задржи младиот образовен ИКТ кадар во земјава. 

- Единствен начин да ги задржиме луѓето е да работиме за извозот. На тој начин ќе овозможиме македонскиот кадар да остане во државата и да работи на престижни проекти, изјави претседателот на Управниот одбор на МАСИТ, Срѓан Михајловски. 

 

 

Оцени ја веста

16.03.2015 - 13:53
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега