Министерството за здравство објави нов оглас

Министерството за здравство утре ќе распише оглас за специјализација на  10 македонски лакари во белградскиот Клинички центар во Србија. Лекарите ќе можат да се пријават за специјализација во 4 области и тоа гинекологија, офтамологија, васкуларна хирургија и анестезија. Сите лекари по општа медицина кои работата во Јавното здравство имаат право да се пријават на огласот. За ова денеска информираше министерот за здравство Никола Тодоров кој додаде дека сите трошоци за специјализација на лекарите ќе ги покрие Министерството за здравство.

-Со тоа практично продолжуваме со реализација на проектот за испраќање на 70 млади доктори од Македонија на специјализација во странство. По завршување на рокот за пријавување стручна комисија ќе изврши евалуација на пристигнатите писма за интерес и врз основа на таа евалуација ќе биде одлучено кои од докторите кои се пријавиле за специјализација во странство односно во Србија ќе бидат селектирани и ќе бидат испратени на специјализација во странство, посочи македонскиот министер за здравство.

 

 

 

Оцени ја веста

16.03.2015 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега