Јолевски до Србија: Жалам што хуманитарно дело заврши трагично

 

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски вчера во телефонски разговор со српскиот колега, Братислав Гашиќ, упати длабоко сочувство за трагичната хеликоптерска несреќа во која животот го загубија седуммина, меѓу кои, и едно бебе.

-Македонија и македонскиот народ се со вас во овие тешки мигови. Ова е голема загуба за Србија и за нејзиниот народ, особено имајќи предвид дека овие луѓе го дадоа својот живот обидувајќи се да спасат невино новородено дете. Искрено жалам што вакво хуманитарно дело заврши на овој трагичен начин, порача министерот Јолевски. 

 

Воедно, министерот Јолевски упати и телеграма за сочувство до Министерството за одбрана на Србија, Армијата на Србија, но и до српскиот народ. 

 

 

Оцени ја веста

15.03.2015 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега