Војната ескалира: Бајден и дозволи на Украина да напаѓа длабоко во Русија
Американскиот претседател во заминување Џо Бајден им дозволи на Украинците да го направат она што очајно го бараа со месеци – да напаѓаат цели длабоко во Русија со западни ракети со долг дострел.
Ова за Ројтерс го потврдија три извори запознаени со одлуката. Ова е значајна промена во политиката на САД во украинско-рускиот конфликт. Украина планира да ги изврши првите напади со долг дострел во наредните денови, велат изворите.
Се очекува првите напади да бидат изведени во руската област Курск, каде што Русите и Севернокорејците ги напаѓаат елитните бригади на Украина.
Веднаш по Бајден, Британија и Франција донесоа иста одлука
Како што објави „Фигаро“, веднаш по САД, Велика Британија и Франција донесоа одлука со која им дозволија на Украинците да користат ракети SCALP и Storm Shadow за напад на цели длабоко во Русија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа