Велешанец каснат од змија
Едно лице од велешко е хоспитализирано додека извршувало земјоделски работи бидејќи го каснала змија, пренесе Дневник.
Се работи за 32 -годишен жител на селото Горно Јаболчиште С.К. кој бил каснат од змија во близина на селото Црешнево додека собирал трева за сено. Одеднаш се појавила змија и го каснала за показалецот од десната рака.
Брзата помош успеала навреме да му даде противотров и да го спаси велешанецот.
ФОТО: Комуникација