Ослободен Сашко Богески - Македонецот кој уби крадец во Белград
Македонецот Сашко Богески кој уби провалник во Србија е пуштен да се брани од слобода, пренесе српскиот Блиц.
Се работи за Сашко Богески кој на 21 мај во Белград уби крадец кој влегол во неговиот дом со цел да го ограби, а и е познат на полицијата како сторител на голем број криминални дела.
По повод овој случај во речиси во сите поголеми градови во Србија луѓето потпишуваа петиција за негово ослободување од притвор, но и за измени на кривичниот закон.
- Заспав после ручекот. Ми рекоа да си одам. Не верував дека тоа е вистина. Најпосле сум со своето семејство и сакам да го надоместам изгубеното време, вели низ солзи Сашко Богески .
- Им благодарам на сите пријтели, како на оние кои ги познавам со години, така и на овие новите, кои се 40.000. Би сакал сите да ги запознам. Сакам да им се заблагодарама на медиумите и на сите луѓе кои застанале во моја одбрана и во одбрана на моето семејство, вели Богески за „Блиц“.
ФОТО: Сител