Димовски: ВМРО-ДПМНЕ е сконцентрирана на потребите на граѓаните
Иницијативата за големиот собир на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе се одржи утре напладне во СЦ Борис Трајковски е иницијатива која дошла од општинските комитети и е последица на еден оркестриран и манипулантивен напад кој што со деструктивно сценарио во изминатиот период го спроведува опозицијата.
Ова го истакна Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ при гостувањето на вестите на Канал5.
-Ние немаме намера да им одговаравме директно на нив, туку имаме намера да им кажеме на граѓаните што е она што ние планираме да го работиме во следниот период, истакна Димовски.
Тој додаде дека би оставил во текот на утрешниот ден главните политички пораки да бидат слушнати од местото од каде што ќе се одржи трибината.
-Ние секако остануваме посветени на реалните потреби на граѓаните, на она што нив ги мачи и нив ги интересира. Ќе продолжиме да работиме во насока на создавање на услови за нови работни места, создавање услови за градење на нови фабрики, изградба на инфраструктура, изградба на патишта, автопати, изградба на гасоводни системи низ Македонија, реконструкција на железничката инфраструктура. И сето она што е потребно, истакна Димовски.
Тој подвлече дека ВМРО-ДПМНЕ е свесно за потребите на граѓаните и дека планираат само со тоа да се занимаваат.
-ВМРО-ДПМНЕ е сериозна партија коа што рационално се однесува во целиот период и ние не сакаме да бидеме вовлечени во никакви деструктивни сценарија кои што на крај на краиштата немаат цел да им помогнат на граѓаните, ниту на државата, немаат цел да го подобрат меѓународниот углед на Македонија. Туку единствено имаат за цел, опозицијата која што не успева на легитимен начин да победни на избори да се дограби до власта без да добие поддршка од граѓаните, додаде тој.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа