Крива Паланка: До денес поднесени 3.392 годишни даночни пријави
Од Управата за јавни приходи во Крива Паланка информираа дека до денес се поднесени 3.392 годишни даночни пријави од страна на жителите на општина Крива Планка и општина Ранковце, пренесува МИА.
- Граѓаните кои во 2014 година покрај платата или пензијата оствариле дополнителни приходи по најразлични основи, должни се заклучно со 15. март да достават годишна даночна пријава до УЈП. Со оглед на тоа дека рокот за одставување на пријавите е до 15 март, а 15 е недела, ги информираме граѓаните дека пријавата можат да ја достават и во понеделник, 16. март. Изминатите неколку месеци до УЈП во Крива Паланка дневно се поднесуваа по 30-тина пријави, додека последните три дена на дневна основа примаме и над 300. Вчера беа примени 423 годишни даночни пријави, информира Сања Јакимовска, шеф на даночниот шалтер на Управата за јавни приходи во Крива Паланка.
Според Јакимовска со оглед на тоа дека граѓаните имаат пракса да го чекаат последниот рок, се очекува во понеделник да бидат доставени најголем број пријави.
- Сите граѓани кои не ја исполниле законската обврска за поднесување годишна даночна пријава истото можат да го сторат и во понеделник, но напоменуваме да го сторат тоа што порано, за да не се создадат гужви и да може да им биде примена пријавата на време, апелира Јакимовска.
Инаку, годинава граѓаните на Крива Паланка и Ранковце поднеле речиси тројно повеќе годишни даночни пријави во споредба со минатата година, кога до даночниот шалтер на Управата за јавни приходи во Крива Паланка биле доставени 1.200 пријави.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа