Почина пациент кој се запалил во велешката болница

Пациент, на возраст од 84 години, вчера се запалил во болницата во Велес и од здобиените изгореници подоцна починал.

Како што соопшти Анита Стојковска портпарол на СВР Велес, во полицијата, било пријавено дека во 15:25 часот во Општатата болница во Велес во еден од тоалетите на една од собите имало пациент кој бил во пламен, а медицинскиот персонал го гаселе запалениот пациент со вода и ќебиња. 

- Станува збор за Стеван Т. од Велес кој оваа седмица бил донесен на лекување во Одделението за заразни болести, информира Стојковска

Откако огнот бил изгаснат старецот во тешка состојба бил префрлен на Хирушкото одделение во велешката болница. Поради сериозноста и степенот на изгореници, лекарскиот тим решил тој итно да биде пренесен во Градската болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Но, поради тешките изгореници по целото тело и покрај сите напори на лекарите да го спасат, старецот починал во скопската болница.

По овластување на јавен обвинител увид на лице место извршила екипа од СВР Велес која работи на расветлување на случајот.

 

 

Оцени ја веста

14.03.2015 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега