СДСМ си ја сруши веродостојноста- призна дека креираните разговори се сечени и полувистини

 

СДСМ си ја сруши веродостојноста. Призна дека разговорите кои ги објавува се сечени и дека се работи за невистини и полувистини. Тоа јасно се гледа од колумната на ударната медиумска тупаница на СДСМ Бранко Геровски, како и од брифинг- изјавата на портпаролот на партијата Петре Шилегов.

Во колумна на Героски, тој самиот признава дека разговорите кои се креирани од СДСМ се сечeни, има и такви кои се ирелевантни, но има и невистини и полувистини.

-Проблемот со објавувањето на целосниот разговор е во тоа што тој содржи елементи од лична, интимна природа, кои се ирелевантни за политичките процеси, а содржи и невистини и полувистини, што морало на некој начин да се верификуваат и да се протолкуваат пред да се објават. Тоа е должност на тој што ќе одлучи да ги објави, напиша ударната тупаница на СДСМ Героски во својата колумна.

Оваа изјава потврдува дека СДСМ пушта приватни разговори со кои ја загрозува приватноста на голем број граѓани. Најголемата опозициска партија лиферува искреирани разговори, кои содржат полувистини и извадени работи од контекст со кој се девалвираат личности и нивните животи. Истовремено, креираните материјали се објавуваат селективно, а содржат и приватни и интимни делови на над 20.000 граѓани кои што биле прислушкувани, како што самиот лидер Заев рече на првата прес-конференција.

Ова го призна и самиот Социјалдемократски сојуз и Шилегов, кои заеднички брифираа:

„Ние на прес-конференциите ги објавуваме најбитните делови од разговорите, а потоа на интернет ги ставаме цели за да не испадне дека сме ги монтирале. Но, конкретниот разговор имаше дел што треба да се објави, бидејќи се однесува на изборни нeрегуларности, но и дел што не беше во план да оди, како оној за Црвенковски, како и за приватни работи на други луѓе. Грешка е што нашите не го исекле“.

Според аналитичарите, токму ова е и суштината на Зоран Заев, преку полувистини, сечени материјали извадени работи од контекст, чија релевантност ќе се утврдува низ институционална постапка, да создаде политичка криза и на тој начин да се отвори прилика да се дојде на власт. СДСМ самите си ја срушија веродостојноста на искреираните материјали кои ги објавува и потврдија дека нивната цел не е дознавање на вистината, туку преку креирани материјали да се наштети на политичкиот противник во борбата за политички поени и извртување на реалноста за создавање на погрешна перцепција во очите на јавноста.

 

Воедно, самата партија и партискиот портпарол потврдија дека СДСМ пушта креирани разговори, кои содржат полувистини и извадени работи од контекст со кој се девалвираат личности и нивните животи. 

 

 

Оцени ја веста

14.03.2015 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега