Преку математика да ги рашириме границите на успехот на Македонија

 

Секој 14 март ширум светот се организираат натпревари во рецитирање на децималите на бројот Пи.  Бројот Пи (3,14) или Лудолфовиот број го означува обемот на кругот и неговиот пречник, меѓутоа, тој има бесконечно многу децимали, а научниците досега израчунале неколку трилиони децимали на овој број. Оваа бројка го преставува универзумот бидејќи  во неговите децимали може сите да се пронајдат. Нашата дата на раѓање, матичниот број, регистерскиот број на табличките можеме да ги најдеме во бројот Пи, а на неговиот ден  е роден и Алберт Ајнштајн.

 

Она на што укажуваат светските експерти е дека младите треба да се поттикнуваат да се занимаваат со математиката која како дисциплина е универзална поради тоа што се применува во сите области. Знаењето е нашата развојна шанса, а во тоа знаење математиката има исклучително значајна улога.

 

Целта на учењето на математика е  развивањето на логичкото мислење. Клучното прашање е што е смислата на предавањето на математиката. И тука сите велат: да научиме математика. Меѓутоа не е баш така, целата на проучувањето на математика е да се развие логичното мислење. Со тек на време се забораваат формулите и деталите, но логиката останува. Тоа е суштината на учењето.

Математиката не треба да се прикажува како некаков  страв и трепет бидејќи таа пред се е фундаменаталeн основ за секоја друга наука. На Македонија и се потребни повеќе шампиони во оваа област, нас ние се потребни повеќе Ирини. Средношколката од Битола, младата  Ирина Шавкуловска е одличен пример дека ние имаме врвни млади луѓе кои го наметнуваат трендот на инвенстирање во своето знаење.

-Физиката е многу убава наука. Многу е лесна, само треба малку да се размисли, сè е логично, нема двосмислености. Најмногу ме интересирал електромагнетизмот најверојатно бидејќи сум била под влијание на моите родители, двајцата се електроинженери. Од трето одделение знаев дека ќе се ориентирам и кон математиката. Татко ми ми купуваше списанија во кои имаше логички задачи и така вежбав, односно правев гимнастика на умот, изјави Шавкуловска по нејзиниот последен успех.

Директот на нејзиното училиште Kирил Печалев вели дека гимназијата располага со повеќе брилијантни ученици чии резултати го потврдуваат имиџот што го имаат со години како едно од најуспешните средни училишта во земјава. Само ланската година учениците освоиле над сто награди. Од нив педесет од областа на математиката. Ова е само еден во низата примери дека математиката во Македонија не е нешто кое треба да стане предмет преку кој опозициските политички структури се бидуваат да остварат политички поени. Нема логика да прогласувате победа против математиката!Едноставно е природно  да се коментира и да се укаже на тоа дека походот на СОРОС и опозицијата против дропките, бројките, алгебрата, геометријата може само да и наштети на Македонија и нејзината младина која има капацитет и воопшто нема сомнение дека политизацијата на вербата на државата во својата младина и нивните големи потенцијални не треба да стане предмет на полички математички пресметки во обид да се добијат некакви поени кои несомнено одат на штета на младоста и знањето.

Светска пракса на државите е да се вложува во знаењето поради едноставна и логична причина - знаењето секогаш се акумулира и зголемува, а тоа придонесува директно на развивање и просперитет на секоја држава. Токму затоа неоспорно и  потребно е да се развива математиката и во Македонија. Според некои индекси на конкурентност, нашите математичари се доста високо позиционирани. Вложувањето во луѓето и нивното знаење е предуслов за развој на секое општество. Без образувани луѓе не е возможен економскиот развој на било која земја. Квалитетот на човечки ресурси е еден од главните извори на богатство на една држава. Модерниот пазар бара обучени луѓе, луѓе кои се прилагодуваат на новите трендови.  Вложување во образованието и усовршување на луѓето е еден од најважните елементи на развојната политика на една земја. Поради тоа планирањето на кадри и нивното образование претставува клучно прашање на секое општество  и тоа претставува инвестирање во иднината. Во модерната економија знаењето е најважен ресурс, а управување со знаењето е еден од главните компоненти на современиот менаџмент. Иако тоа денес можеби на некои им делува како фраза, најценето и најдобро платено е знаењето. Колку повеќе знаење поседува еден човек толку подобро ќе биде платен. Оној кој поседува знаење ќе се чувства сигурен поради тоа што секогаш може да најде работа. Неопходно е да се развие страста за знаењето. Глобализацијата и развојот на современата економија е нужно условена со присуство и активност на се поголем број  на високо образувани луѓе. Потребно е знаење и вештина, како услов за успешно делување во професионалниот живот. Потребни ни се луѓе кои имаат голем фонд на знаење за да можат сами да управуваат со својата иднина наместо да бидат жртви на идните околности.

На Македонија и се потребни математичари, потребни ни се повеќе програмери, информатичари, инженери,  технолози, хемичари, физичари... Нас не треба да не задоволи бројката од  10 или 20 Македонци кои работата во Гугл, Мајкросфот...  Сакаме младина која со нејзиното знаење ќе биде движечки фактор на прогресот на Македонија, потребни ни се луѓе кои со своето знаење ќе бидат наш најголем амбасадор во светото преку нивните успеси како во рамките на Македонија и во светските рамки.

 

Потребен е да се разбере повикот на власта во Македонија упатен кон сите граѓани за потребата да се инволвираат сите во создавањето на општественото знаење, не како политичка парола туку како реалност  сите да бидеме активни членови во создавањето на една моќна и полна со знаење нација.

 

 

Оцени ја веста

14.03.2015 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега