Нормализиран сообраќајот на патот Скопје - Велес

 

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на планинскиот превој Буково, но не се задржува на коловозот, информира Автомотосојузот на Македонија. 

Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес после тунелите кај Башино Село, каде поради свлечиште возилата се движеа само по една коловозна лента во должина од 10 метри. Од обилните врнежи од снег се уште е непрооден локалниот пат од Кратово до село Каврак. Регионалниот пат Пробиштип - ХС Злетовица во село Којково, Кратово е пробиен и оспособен за сообраќај само за патнички моторни возила.

На патот Крупиште-Пробиштип кај село Неокази, поради појава на вдлабнатина и попуштање на левата коловозна лента, гледано во правец кон Пробиштип-Крупиште, сообраќајот се одвива наизменично, само по десната коловозна лента. 

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница – Берово, Гостивар – крак Маврово каде е можна почеста појава на одрони.

 

 

Оцени ја веста

14.03.2015 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега