Груевски ќе присуствува на отпочнувањето на изградбата на магистралниот гасовод Клечовце-Штип

 

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска ќе присуствува на отпочнување на изградба на магистралниот гасовод делница Клечовце – Блок станица 5 (Штип).

Церемонијата за почеток на работите ќе се одржи во реонот на кумановското село Клечовце, во непосредна близина на регионалниот пат Куманово - Свети Николе со почеток од 13:30. Од гасоводот Клечовце - Неготино кој е планиран во должина од 96,6 километри, „Стројтрансгас“ треба да изгради 61 километар до јуни следната година.

Вредноста на проектот изнесува 75,7 милиони долари, од  кои 60 милиони произлегуваат од подмирувањето на клириншкиот долг. 

 

 

Оцени ја веста

14.03.2015 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега