Со пиштол и фантомки на глава ја испразниле касата од бензиска на Макпетрол
На улицата „Христо Татарчев“, на бензинската станица „Макпетрол“ утрово околу 4 часот и 40 минути две непознати лица маскирани со фантомки и вооружени со огнено оружје-пиштол, извршиле разбојништво врз вработените при што со закана со пиштолот им одзеле околу 10.000 денари, а потоа избегале од местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
Оцени ја веста
14.03.2015 - 11:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа