Прекрасен ден за прошетка

Времето  во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб северен ветер. Во крајните источни делови можна е изолирана појава на краткотраен дожд.

Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од шест до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со сончеви периоди и со услови за изолирана појава на краткотраен дожд. До вторник температурата на воздухот ќе биде во покачување.

 

 

Оцени ја веста

14.03.2015 - 10:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега