Министерот Попоски во Турција оствари средби со Ердоган и Чавушоглу

На покана од министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевљут Чавушоглу, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, престојуваше во официјална посета на Република Турција.

 

За време на средбата, двајцата Министри разменија мислења за повеќе аспекти од билатералната соработка меѓу двете земји, констатирајќи ја интензивната соработка на сите полиња на заеднички  интерес, потврдена преку чести средби на високо ниво. Министрите се осврнаа и на економската соработка меѓу двете земји, која бележи нагорен тренд, како и на можностите за натамошно унапредување.

 

Средбата беше искористена и за размена на мислења од аспект на регионалната и меѓународната соработка. Потенцирајќи ја успешната соработка во рамките на регионалните иницијативи и на меѓународно ниво, министерот Попоски се заблагодари за постојаната и гласна поддршка на Република Турција за членство на Република Македонија во НАТО.

Министрите се осврнаа на заедничките приоритети на двете земји за членство во Европската унија, и во тој контекст министерот Попоски ја нагласи македонската определба за  развивање на добрососедските односи во согласност со европските и евроатлански вредности и стандарди.

Двајцата министри се согласија за постоењето на одлична соработка и во други области, како образованието, одбраната, културата. Воедно беа разменети мислења за можностите за унаредувањето на соработката во областа на енергетиката и можностите за енергетско поврзување.

По пленарните разговори на делегациите, двајцата министри го потпишаа Меморандумот за разбирање и  соработка меѓу Институтот за геостратешки истражувања на Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Центарот за стратешки истражувања на Министерството за надворешни работи на Република Турција.

За време на посетата, министерот Попоски беше примен од претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган.

Исто така, министерот Попоски оствари средби со Парламентарната група на Големото народно собрание на Република Турција за соработка со Собранието на Република Македонија.

 

Во рамките на официјалната посетата, министерот Попоски, ќе има обраќање во Дирекцијата на Турците во странство, по повод настанот „Вечер на македонско-турско пријателство".

 

 

Оцени ја веста

13.03.2015 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега