Опозицијата дивее со закани и агресија соочена со сè помалата поддршка од граѓаните

Политичарите од врвот на СДСМ се соочени со крахот на нивното сценарио и свесни се дека наместо да добиваат поддршка од народот, тие ја губат и онака малата доверба која ја имаат.

Затоа тие и новинарите од медиумите финансирани од СОРОС почнуваат во голем обем да ја покажуваат нервозата и силната фрустрација и не бираат средства и речник во нивните настапи.

Во безизлезната ситуација во која се втураа себеси под менторство на Зоран Заев, гласноговорниците од Бихаќка почнаа да напаѓаат се и секого. Од непознати причини, нивна “жртва“ вчера стана и една од најдобрите македонски пејачки, Каролина Гочева.

Саше Политико, познат по жолчното бранење на опозицијата на еден тотален безобразен и недоличен начин, вчера упадна на прес-конференција закажана од пејачката и нејзината „Авалон продукција“.

Овој новинар почна дрско да и поставува политички прашања, вршејќи и притисок да даде свој коментар на актуелната политичка состојба во земјава. Каролина, како и досега, одговори на културен начин дека не сака да дава такви коментари иако си има креирано свое мислење. Залудни и беа обидите да објасни дека таа држи настан поврзан за нејзината кариера која нема никаква врска со политика.

Саше Ивановски-Политико освен што ја нападна пејачката, вршеше притисок на сите присутни, а на новинарите им попречи во својата работа.

Каролина Гочева не беше единствената мета кон која ваквите лица го вперија својот гнев.

Опозицискиот перјаник континуирано продолжува со вулгарниот речник и навредите, небирајќи дали мета на неговата некултура ќе бидат јавни личности од секое поле,  спортисти, културни уметници, новинари, лица од јавниот живот. Уредникот на МРТ, Горан Петрески неодамна стана дел  во низата кон кого Политико јавно се заканува и користи најниско ниво на говор на омраза.

Ивановски отворено се заканува кон Петрески дека кога ќе го сретнел ќе го “плукнел у фаца“ и ќе го “кревал на клоци“,  па дури и по цена ако требало да оди во затвор.

-Горане Петрески, Латас и Емил Стојменов се копилиња, но се уредници и менаџери на приватни телевизии и донекаде и се слободни да прават што сакаат, ти си гомнару уредник на јавниот сервис, за ова што го правиш свесно кога ќе те сретнам ќе те плукам у фаца и ќе те кревам на клоци па ако треба нека идам и во затвор, копиле едно курвинско скапано!, пишува Ивановски на Мактел.

СДСМ не врши притисок врз сите неистомисленици само преку своето “перо“ Политико.

 

Оние на кои “устата пена им фати“ барајќи слобода на говор и слобода на медиуми станаа првите кои со жестоки навреди и груби невистини се обидуваат да се пресметаат со неистомислениците. Така, земајќи високи хонорари од СОРОС, тие први ја одземаа слободата на изразување кај поедниците кои ги нападнаа.

Игор Мицковски, човекот кој секој ден го менува политичкиот став, ја напаѓа жолчно опозицијата, па ја брани, за писателот и режисер Александар  Русјаков неодамна рече дека е дел од џелатите на слободата и човековото достоинство и го нарекува нацист.

-Здруженијата за одбрана на Македонија, или овие на Русјаков со Македонскиот манифест, кои и во минатото ја имаат докажано својата инфантилност и деструктивност, се доказ дека и возрасни мажиња имаат проблем со вишокот на адреналин, тестостерон и хормонални дисбаланси. Да беа во Сирија или Ирак, сигурен сум дека веќе ќе беа регрутирани во ИСИС, да беа во некоја демократска земја, сигурно ќе беа во некоја нацистичка нишка која се издерава против црнци и имигранти. Но, ете ја имаме колективната несреќа да се родени и живеат со нас во Македонија, и тука се нацисти-слуги на режимот на Груевски. Фактот што не колат е олеснителна околност, но секако дека се дел од џелатите на слободата и човековото достоинство. Како и да е, логиката која постои зад овие мажиња е истата секаде, напиша Мицковски.

Бранко Тричковски пак побара праќање на луѓе од Македонија во Гвантанамо каде ќе бидат ставени во кабините за измачување. Еве го неговиот Фејсбук статус:

„Американската администрација би можела да им ги поништи визите и да им забрани влез во САД на политичари, претставници на судската власт, медиумски работници, бизнисмени и на други официјални лица за кои постојат сомневања за корупција, перење пари и за кршење на човековите права, пишува денешен "Вест"! Одлично! 
На тој начин Америка ќе ги заштити своите вредности од опасноста што со себе ја носи бандата на Џеси Џејмс од Македонија, арно ама ние во Македонија скроз ќе наебеме ако нашите криминалци нема кај да одат. За нас, а верувам и за Американците, би било идеално ако САД ја отворат макар својата територија во Гвантанамо! Луѓето си имаат портокалови мантии, така што можат веднаш да се стават во кабините за измачување кај што ќе треба да кажат кај се парите ( делиме пола- пола) и да го откријат софтверот на злосторничкиот потфат со кој ја уништија Македонија“!

За потсетување, Тричковски правеше алузија за убиството со снајпер на премиерот и сечење на Ставрески.

По скандалозната изјава на Заев со која си дозволи новинарите да ги дели на подобни и неподобни за него, или како што ги нарече самиот „професионални“ и „провладини новинари“, и по континуираните навреди, говор на омраза, етикетирања, закани кои тој ги пласира кон новинарите кои не се под негова лична контрола или под контрола на СОРОС, СДСМ и Заев почнаа да ги омаловажуваат и брутално да се пресметуваат и со новинарите кои ги сметаат за блиски до нивните интереси.

Последен ваков случај е оставката која ја поднесе главниот и одговорен уредник на опозициската телевизија 24 Вести, Гоце Михајловски.

Михајловски истакна дека тој имал несогласувања и различни мислења со менаџментот на телевизијата, став кој експертите го оквалификуваат како благо објаснување за жестоките притисоци кои ги трпел Михајловски од директорот на телевизијата Зоран Иванов.

Оваа одлука на новинарот стана мета на критики низ социјалните мрежи, само поради тоа што СДСМ овој чекор го протолкува како неправилен.

КУРИР

 

 

 

Оцени ја веста

13.03.2015 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега