Почина Ричи Хевнс, американската музичка фолк легенда

 

 

Легендарниот американски фолк пејач Ричи Хевнс почина на возраст од 72 години во неговиот дом во Џерси Сити во Њу Џерси. Ричи е познат по отворањето на легендарниот Вудсток фестивал во 1969 година со песната „Freedom“ која стана химна на хипи генерацијата. Тој почина од последици на срцев удар. Беше препознатлив по неговиот стил на пеење и свирење на гитара. Има снимено минимум 25 албуми, а во 1993 година настапи и на инагурацијата на тогашниот претседател Бил Клинтон. 

- Освен по песните, оние кои го познаваа Хевнс ќе го помнат по неговата нежна и чувствителна природа, хуморот и силниот карактер, се наведува во соопштението по повод смртта на музичарот кој имаше чувствителен и единствен стил на пеење.

Со музиката почнал да се занимава во својата 20. година, и покрај големите Џими Хендрикс и Џенис Џоплин многу брзо си го најде неговото место меѓу ѕвездите. 

На фестивалот во 1969 година настапуваше прв, затоа што другите изведувачи доцнеле и неговиот настап траеше дури три часа.

 

 

најчитано сега