Манасков: Назад во мојата Македонија, по стапките на татко ми!

Дејан Манасков и официјално од следната сезона ќе го носи дресот на Вардар.

Тој потпиша тригодишен договор со „црвено-црните“, а по официјализирањето на соработката репрезентативното крило на својот ФБ профил напиша:

-Назад во мојата Македонија, со големи амбиции и очекувања. Ќе чекорам по стапките на татко ми и повторно со бројот 11.

Дејан Манасков до крајот на сезоната ќе настапува за германскиот Вецлар, а следната ќе биде дел од Вардар.

Инаку, татко на Дејан е славниот Пепи Манасков, еден од најдобрите ракометари кои Македонија ги имала и кој своевремено на неколку наврати настапуваше за Вардар ПРО.

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега