Официјално: Дејан Манасков нов играч на Вардар

Левото крило на репрезентацијата на Македонија, Дејан Манасков од следната сезона ќе биде член на Вардар и ќе остане во тимот на „црвено-црните" во следните три сезони односно до јуни 2018 година.

Со задоволство можам да потврдам дека е потпишан договорот со Манасков, кој ќе остане во Вардар најмалку три сезони. Игрите на Манасков беа одлична препорака да му понудиме соработка, и на заедничко задоволство тој ќе се врати во Скопје и ќе игра за Вардар. Нашиот клуб отсекогаш сакал да ги има најдобрите во своите редови, а уште посреќни сме што еден репрезентативец на Македонија го одбра Вардар, како своја следна дестинација во кариерата, изјави Давор Стојаноски, извршен директор на РК Вардар, за официјалната интернет страница на тимот.

Манасков до крајот на оваа сезона ќе настапува за германскиот тим Вецлар, а од следната ќе го носи „црвено-црниот“ дрес.

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега