Македонската филхармонија со хуманитарен концерт за обнова на Трескавец

Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден Македонската филхармонија и Манастирот Св. Јован Бигорски во среда во Универзалната сала ќе одржат хуманитарен духовен концерт.

Се работи за концерт со хуманитарен карактер кој ќе започне во 20 часот а ќе биде насловен како  „Страдања Господови“.

На концертот кој е под диригентската палка на Ле Фи Фи како солисти ќе настапат поп-пејачот Димитар Андоновски, монахињата Касијана од манастирот во Рајчица, хорот на свештената Бигорска обител, како и специјален гостин од Грција. 

Приходот од влезниците ќе биде наменет за санација на опожарените конаци во Манастирите Трескавец и Св. Јован Бигорски.