Кинескиот милијардер "Мистер Пинк" нов газда на Милан?

Силвио Берлускони се одлучил да го продаде клубот на кинескиот милијардер Пое Хер Јинг Вангсуо, познат под прекарот „Мистер Пинк“.

Оваа вест ја пласираа медиумите, иако веднаш беше демантирана од страна на компанијата на првиот човек на клубот.

Имено, според најновите информации, Берлускони наводно му продал 51% од акциите на кинескиот милијардер „Мистер Пинк“ кој направил богатство со продажба на енергетски пијалоци во Америка.

Компанијата „Фининвест“, чиј сопственик е Берлускони и која го има мнозинскиот пакет акции во клубот, ги демантираше овие пишувања, додавајќи дека тие никогаш нема да се откажат од управувачкиот пакет на акции, односно ќе останат сопственици на мнозинскиот пакет акции.

Сепак, од оваа компанија потврдуваат дека ја разгледува можноста за продажба на една третина од акциите, што го потврдуваат со потпишувањето на меморандумот за соработка потпишан со тајландскиот инвеститор Беј Текабол кој треба да вложи во клубот 250 милиони евра.

Фотографиите кои се објавени се од потпишувањето на тој договор, велат од компанијата на Берлускони.

Според договорот, 30 проценти од акциите Берлускони треба да ги продаде до крајот на мај, а доколку тоа не се случи, ќе плати обештетување во висина од 10 проценти од клупските акции.

Исто така, според тој договор, Берлускони треба во наредните четири до пет години, постепено, да го продаде и мнозинскиот пакет на акции.

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега