ФОТО: Спомени - Дванаесет години од убиството на премиерот Зоран Џинџиќ

Пред 12 години, на 12 март е убиен тогашниот премиер на Србија и лидер на Демократската партија Зоран Џинџиќ.

Тој е погоден со куршум во срце, во дворот на зградата на владата, на 12 март 2003 година во 12:25 часот, а неговиот телохранител е ранет. Атентатот на премиерот следеше откако претходно имаше уште еден обид за негова ликвидација на 21 фебруари 2003 година на автопатот Белград-Загреб, кај салата Арена, што резултираше со пресуда на атентаторите , припадниците на „Земскиот клан“.

Веднаш по убиството на претседателот на Владата, прогласена е вонредна состојба и покрената акција „Сабја“ во оквирот во кој беа уапсени, а по тригодишниот процес и осудени припадниците на „земскиот клан“ како организатори и извршители на убиството, додека иницијаторите до ден денеска остнаа непознати.

Кој беше Зоран Џинџиќ?

Џинџиќ е роден на 1 август 1952 година. За време на студиите е запазен како еден од првите, млади дисиденти на тогашната СФРЈ. Дипломирал филозофија во 1974 година, а докторирал во 1979 година на универзитетот во Констанца во Германија. Со уште 12 интелектуалци во 1989 година учествувал во обновувањето на Демократската партија, со што активно се вклучил во политчкиот живот.

Во јануари 1994 година избран е за претседател на ДС на чие чело останал до трагичната смрт. Предводел повеќе опозициски сојузи во борбата против режимот на Милошевиќ, а како претставник на коалицијата „Заедно“ на 21 јануари 1997 година, избран е за градоначалник на Белград, по таканаречената лекс специјалиса, која уследи по масовните улични протести поради наместените изборни резултати и под притисок на меѓународната заедница.

 

Поради бројните несогласување коалицијата „Заедно“ се распадна на крајот на јуни 1997 година, а Џинџиѓ гласовите на одборот на СПО и тогашната опозиција во градскиот парламент (СРС и СПС) сменет е од местото градоначалник. Американскиот неделник Тајм во септември 1999 година го смести Џинџиќ меѓу 14 водечки европски политичари од третиот милениум. Џинџиќ беше еден од клучните личности во промената на Србија во 2000 година, како шеф на централниот изборен штаб и координатор на промотивната кампања на ДОС со сојузните избори во септември 2000 година, по што следеше масовен бунт на 5 окотмври 2000 година. Џинџиќ потоа стана претседател на владата.

Добитник е на угледна германска награда „Бамби“ за 2000 година во областа на политиката, а во 2002 година во Прага ја прими наградата на Фондацијата „Полак“ за допринес на развојот на демократијата во Србија.

Автор е на повеќе научни трудови од областа на филозофијата и политичката теорија и на неколку филозофски и теориски дела.

Активно се занимавал со политича публицистика.

Зад себе ја оставил сопругата Ружица, синот Лук, ќерката Јована, мајката Мила и сестрата Гордана.

 

 

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега