Патник во автобус повреден на скопските улици

Во текот на вчерашниот ден во Скопје од страна на сообраќајната полиција бил извршен увид на вкупно четири сообраќајни незгоди од кои три се со последица материјална штета и една е со последица телесни повреди. Со полесни повреди се здобил еден патник во автобус.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 42 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото. Седум возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење и седум возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 58 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

 

 

Оцени ја веста

11.03.2015 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега