Џихадистите од ИД разурнале 1.800 години стар христијански храм во ирачкиот град Мосул

 

Борци на терористичката организација Исламска држава го кренале во воздух христијанскиот храм „Георги Победоносец“ во ирачкиот град Мосул, сооошти ТВ каналот „Скај њуз Арабија“, цитиран од ТАСС.

Црквата беше еден од најголемите и најпочитуваните верски објекти меѓу христијанската заедница во Мосул.

Сквернавењето на верскиот објект било извршено  вчера.

Заедно со него џихадистите разурнале и неколку станбени згради и помошни објекти наменети за разделување добротворна помош. 

Засега нема сведоштва за тоа дали се оштетени и христијанските гробишта, што се наоѓале во близина на црквата. 

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега