Пропаѓа сценариото на опозициската марионета- нема дилеми дека странски центри стојат зад аферата

 

Од ден на ден сè повеќе пропаѓаат сценаријата на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека прислушувањето е спроведено од страна на државата, а не од странски центри со агентурна мрежа во Македонија. Веќе никој не верува во ваквите изјави на лидерот на опозицијата.

Фактот дека Заев пушта креирани материјали од пет, шест лица од државниот врв говори дека токму тие биле таргетот на странските центри, а не наредбодавачи на таквата акција. Оттука, според познавачите, илузорно е тврдењето на Заев дека Никола Груевски и Сашо Мијалков се тие кои прислушувале, бидејќи токму тие се најприслушуваните личности од државниот врв.

Сценариото на Заев полека се расплетува, а доказ за тоа е и признанието на еден од осомничените во акцијата „Пуч“, кој пред судот признал и го објаснил начинот на извршување на обврските кои му ги давал Верушевски за што бил и финансиски наградуван. Тој се договорил со Обвинителството и беше осуден на три години затворска казна.

Соработката со странските центри дополнително се потврди и со видео изјавите на Заев, како и преку комуникацијата на лидерот на СДСМ со Верушевски, но и со еден од агентурната мрежа преку комуникацијата која ја имале на Скајп.

Сè поочигледно станува дека Заев е инструментот и спроведувачот на сценариото искреирано од странските центри, а неговата цел за ваквото одвивање е неможноста преку проекти и програми да дојде на власт, па се обидува тоа да го стори преку креирање на криза во државата.

За ова во неделата говореше и премиерот Никола Груевски кој истакна дека ова што Заев сега го прави личи на стара Бранкова школа, а тоа е да се дојде на власт преку криза.

-СДСМ практично не може да дојде на власт без создавање на криза затоа што имаат недостатоци на идеи, немаат програма, немаат проекти, немаат што да понудат на граѓаните, ниту пак граѓаните им веруваат во она што ќе го понудат затоа што понудуваат евтини сценарија набрзина подготвени програми, а најчесто ни тоа не го понудуваат. Нивната цел и во времето на Бранко, а и сега е да се дојде на власт преку креирање на криза, рече премиерот кој додаде дека со овие чекори кои ги прави Заев, тонејќи во кал сака да ги повлече сите граѓани и да предизвика криза. Груевски во неделата порача дека тоа нема да се случи и дека еден ден Заев ќе се срами од ова.

Како реакција на сите случувања најгласни се грчките медиуми кои се ставаат во заштита на позициите на Заев, а упатуваат жестоки напади кон Груевски и иницијаторите на Граѓанското движење на одбрана на Македонија кои се спротивставуваат на сценариото на Заев.

Нетпрес денес објави дека грчкиот националистички портал Newsbomb на движењето за одбрана на Македонија му замери и за тоа што опозицијата ја класифицирале како предавничка, наспроти патриотите од ВМРО-ДПМНЕ, но и за тоа што алудирале на вмешаност на Грција во аферата “Пуч”. Признанието на Заев дека соработувал со тајни служби и тоа што 18 пати пеш ја мина македонско грчката граница, целосно се занемарува.

 

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега