ВИДЕО: Русите умреа од смеење - Украинските војници глумеа жестоки момци па летнаа со тенкот во провалија

 

Урнебесен инцидент привлече внимание во јавноста, па се јавија различни пародии на тема превртувањето на украинскиот тенк.

Групата украински војници доживеаа мала сообраќајна незгода кога со нивниот тенк се превртеа и излетаа од патот. Оклопното возило се движеше со голема брзина, па Украинците не успеаа да го исконтролираат, а за причините на несреќата и понатаму се шпекулира.

На интернет се појави снимка на која е претставен моментот кога тенкот излета од патот. Војниците почнаа со пцовки, прашувајќи се дали сите од возилото преживеале и дали се чувствуваат добро. Сите се извлекоа без повреда, но продолжија со возењето внимателно.

Но на интернет овој инцидент привлече големо внимание, особено кај Русите, и стана тема на многу пародии.

Погледнете го видеото:

 

 

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега