Јолевски и Тодешини положија цвеќе на француските гробишта во Битола
На француските гробишта во Битола денеска се одржа комеморативна церемонија на која делегации од Министерствата за одбрана на Република Македонија и на Француската Република, предводени од министерот за одбрана Зоран Јолевски и државниот секретар за поранешни борци и историски настани, Жан-Марк Тодешини положија венци со свежо цвеќе.
Комеморативната церемонија се одржала во чест на паднатите француски војници во Првата светска војна, а се организираше, соопшти МО, во рамки на дводневната посета на државниот секретар Тодешини на Република Македонија.
Во Музејот на општина Битола денеска е отворена и изложба на фотографии за Првата светска војна, од Фондот на Браќата Манаки.
По отворањето на изложбата, полковникот Енвер Јакупи од Армијата на Република Македонија, поранешно воено аташе на Македонија во Франција, за неговиот придонес кон унапредувањето на билатералните односи помеѓу двете земји, беше одликуван со Медал за национална одбрана, златен ред.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа