Ќе пејам за дечињата со посебни потреби- македонската пејачка со хуманитарна мисија во Лондон

 

Познатата македонска пејачка Нина Јанева на 14-ти март ќе настапи во салата на хотелот Новотел, западен Лондон, а причината е повеќе од убава.

Имено станува збор за годишен традиционален македонски бал, организиран од АМУК – Асоцијација на македонците што живеат во Обединетото Кралство кој е од хуманитарен карактер. Тоа ќе биде свечен настан во свечени тоалети и ќе се собираат пари за децата со посебни потреби во Република Македонија.

-Ми претставува чест што сум една од тие што ќе настапат во свечената сала на хотелот Неотел во Лондон и тоа за таква благородна кауза. Заминувам во петок, а се враќам во недела и едвај чекам да дојде сабота вечер за да ги запознаеме сите луѓе пред кои ќе настапиме. Очекувам добра забава и дружење и секако да ја исполниме нашата хумана мисија, вели Нина.

 

Покрај неа ќе настапат и  Дани, Горан Папаз со ДиЏеј Давор и Фил Мано.

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега