Кои делови од Скопје ќе останат без струја?

Од Регионалниот центар за управување со кризи, по соопштението добиено од ЕВН Македонија АД, ги известуваат корисниците дека утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Центар, Ѓорче Петров и Сопиште.

Во периодот од 08.30 до 15.30 часот без струја ќе бидат корисниците од село Сопиште, делот од новиот Кружен Тек до црквичето. Од 09.30 до 13.30 часот, корисниците од село Кучково на главниот пат, како и корисниците од од ул. Мечкин Камен во општина Ѓорче Петров во периодот од 10.00 до 15.00.

Без електрична енергија во периодот од 10.00 до 11.30 часот ќе останат и корисниците од ул. Орце Николов број 157 влез 1 во општина Центар.

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега