Човеков се опијанува во моментот додека јаде помфрит

 

Мажот од Велика Британија пати од ретко пореметување од кое неговиот желудник практично ги претвора јаглените хидрати во алкохол.

Многумина луѓе имаат желба да можат да се напијат, а за пијалокот не потрошат многу пари. Случајот со Британецот Ник Хес, е токму таков, на него му е доволно да изеде компир во било кој облик и ќе биде пијан.

Ник пати од ретко пореметување низ кое неговиот желудник практично ги претвора јаглените хидрати во алкохол.

На почетокот, тој немал претстава што му се случува. По оброкот кој содржи јаглени хидрати му било макаи имал болки во стомакот.

Неговото семејство и пријатели почнале да се сомневаат дека Ник има проблем со алкохолот. Дури и неговата сопруга почнала да пребарува по дома за да го најде скриеното шише. 

Откако лекарите откриле за неговото „пијанство“, Ник е ставен на посебен режим на исхрана. Тој сега внесува минимална количина на јаглени хидрати и пие одредени лекови.

 

 

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега