Соборен рекордот во нудистичко капење - се собраа 790 луѓе на едно место

 

Сите оние кои сакаат да се бања без никва облека на себе, се собраа на плажата во австралисиот град Перту, а освен што поставија нов рекор, собраа и средства за организација на Фондацијата Лептир која помага на лицата со пореметување во исхраната.

На плажата во австралискиот град Перту, соборен е светски рекор во нудистичко бањање, затоа што на тој настан присуствуваа дури 790 луѓе кои беа целосно голи. 

Имено, тие го соборија претходниот рекорд кој изнесуваше 744, и беше поставен од Гизборн на Нов Зеланд во 2013 година. 
„На почетокот се чувствував моѓне стресно, но набрзо потоа сите се соблекоа и се беше нормално, а оние кои не беа соблечени скроз голи се чувствуваа како чудаци“, изјави колумнистката Хејди Андерсон.

Сепак овој настан не е организиран само поради соборувањето на рекордите, туку и поади една племенита цел - на него се собираа средства за Фондацијата Лептир, која им помага на лицата во пореметувањето во исхраната.

Никако не можев да го прифатам моето тело во последните неколку години. Три години работам на себе, а ова беше логичен чекор кон тоа“, објаснува Андерсон за тоа како на неа се одразило ова искуство.

 

 

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега